„Енфилд“ итно евакуиран пред мечот меѓу Ливерпул и Атлетик Билбао!

Фудбалерите на Ливерпул се подготвуваа за уште еден пријателски меч пред почетокот на сезоната, а ривал требаше да им биде Атлетик Билбао, меѓутоа се случи неочекуван проблем.

На стадионот „Енфилд“ се вклучи алармот за евакуација, по што навивачите веднаш ги напуштија трибините, а засега не е познато која е причината за оваа реакција.

Откако од надлежните служби било утврдено дека е безбедно да се игра натпреварот, на навивачите им било дозволено да се вратат на стадионот, а наскоро се очекуваат повеќе детали.