
Мина точно една година од најголемата победа во (пре)богатата кариера на Ѓоковиќ!
Легендарниот српски ас го опиша овој триумф како најголем успех во неговата блескава кариера.
„Тоа е веројатно најубавиот момент во мојата кариера. Го имам гледано тоа видео милион пати. Направив мала пауза, но повторно ме инспириравте да го погледнам. Никогаш нема да го заборавам“, изјави популарниот Ноле деновиве за швајцарски медиум.
Ѓоковиќ, со 24 гренслем-титули зад себе, посочува дека токму ова злато е најголемиот предизвик што конечно го надминал.
„Години вложував труд, но претходните четири Олимпијади ми донесоа болни порази. Никогаш не стигнував до финале, а желбата за злато беше сè посилна. Тоа беше единствениот трофеј што ми недостасуваше“, потенцира Србинот.
Олимписката титула ја освои на 37-годишна возраст, а триумфот, како што вели, бил уште посладок бидејќи со него го славеле сопругата и децата.
„Тоа што беа таму заедно со мене го прави моментот уште повреден. Тој ден ќе остане засекогаш во моето срце“, заврши Ѓоковиќ.
ФОТО: EPA PHOTO