
Бизарно: Шкендија за плејофот во ЛЕ ги доби истите можни ривали како и во ЛШ!
Натпреварите од плејофот во Лига Европа се закажани за 21 и 28 август. Првиот дуел Шкендија ќе го игра на домашен терен во Скопје, додека реваншот ќе биде на гости.
Ова е по малку бизарна ситуција бидејќи тетовци и во случај да го елиминираат Карабах би ги имале истите можни ривали, односно во таа ситуација би играле со победникот од пресметката помеѓу тимовите од Бугарија и Унгарија за историски пласман во лигашкиот дел од ЛШ.