Порто ептен тајно договори мега засилување - не дозна ни Фабрицио Романо! (ФОТО)

Пред вчерашниот меч меѓу Порто и Атлетико Мадрид, португалскиот клуб ги изненади своите навивачи со презентација на ново засилување.

Се работи за поранешниот играч на Барса, Лук де Јонг кој во Порто пристигна од ПСВ.

Трансферот се работел во строга тајност, дотолку што за него немал никаква информација ниту експертот за трансфери, Фабрицио Романо.