Ден за ждрепка: Шкендија ако го мине Карабах може да налета и на Црвена звезда!

За денеска е закажана ждрепката за плејофите во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига, Шкендија дозна кои противници може да ги добие.

Шкендија утре со почеток од 20 часот го пречекува Карабах во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тетовскиот тим има загарантирано лигашка фаза, најмалку во Конференциската лига.

По двомечот со Карабах ќе се знае дали македонскиот шампион ќе игра во плејофот за влез во Лигата на шампионите или за Лига Европа.

Ако го мине Карабах, Шкендија би можела да се падне со тимови како Црвена звезда, Лудогорец, Ференцварош, Лех Познан, Копенхаген и Малме.

Долку Шкендија биде елиминирана од Карабах, ќе игра во плејофот за влез во Лига Европа, а таму за противници би имал некој од тимови како Јанг Бојс, Лудогорец, Ференварош, Малме, Копенхаген, Хамрун Спртанс и Макаби Тел-Авив.

Ждрепката за плејофот од Лигата на шампионите е закажана за 12 часот, таа за Лига Европа е еден час подоцна.