Хаос во Сплит: „Пољуд“ остана без струја, теренот се претвори во базен (ФОТО)

Силно невреме го погоди Сплит и поради тоа го одложи почетокот на натпреварот меѓу Хајдук и Истра.

Најпрво стадионот остана без струја поради големото невреме, а потоа теренот беше претворен во базен поради силниот дожд.

Натпреварот официјално почна во 21.50 часот, иако почетокот беше предвиден 50 минути порано.

Фото: Facebook/NK Istra 1961