Хрватска легенда е новиот тренер на Велковски во Зрињски!

Eкипата на Зрињски за која неодамна потпиша македонскиот фудбалер Дарко Велковски, денеска го потврди ангажманот на Игор Штимац.

Хрватската легенда ќе биде предводникот на актуелниот шампион на Босна и Херцеговина во новата сезона и главна цел секако ќе биде одбрана на титулата.

„Зрињски со големо заадоволство може да поврди дека Игор Штимац од денес е нов тренер на првиот тим. Му посакуваме срдечно добедојде во Мостар и многу успех на клупата“, објави клубот од БиХ.

На клупата Штимац го наследува Марио Иванковиќ кој претходно во договор со раководството ја раскина соработката.

Зрињски летово води битка и во квалификациите за Конференциската лига каде што ги чека исландскиот Бреидаблик.