
Алонсо закажал состанок со петмина играчи на Реал - нема добри вести за нив!
Според „АС“, се работи за Родриго, Ферланд Менди, Давид Алаба, Дани Себаљос и Ендрик.
Весникот пишува дека Реал е отворен за продажба на Родриго, Менди и Алаба, додека се уште се мисли за Себаљос и Ендрик кои би можеле да бидат испратени на позајмица.
Се претпоставува дека најтешко ќе биде да се разделат со Алаба, фудбалерот заработува неверојатни 22,5 милиони евра годишно, па не сака ни да слушне да замине некаде каде што би имал помала плата.