Еден човек одиграл клучна улога: Рашфорд откри зошто ја избрал Барса

Маркус Рашфорд за првпат го облече дресот на Барселона во пријателскиот натпревар против Висел Кобе кој каталонскиот гигант го доби со 3-1, а по овој дуел напаѓачот откри дека најголеми заслуги за неговото доаѓање во Каталонија има тренерот Ханси Флик.

На теренот против јапонскиот состав, Рашфорд покажа дека е во добра физичка форма и покрај повредата на задната ложа поради која паузираше во последните неколку недели од минатата сезона.

„Во Барселона мислам дека најмногу можам да придонесам како лево крило, но знам да играм и како центален напаѓач. Секогаш се трудам да помогнам на екипата со голови или асистенции. Верувам дека Ханси Флик може да ми помогне да играм уште подобар фудбал и тој е единствената причина поради која ја избрав Барселона. Подготвен сум да ги слушам сите инструкции и да играм каде што ќе биде потребно“, изјави Рашфорд.

Според најавите на медиумите, Рашфорд во Барселона е доведен да игра како лево крило кога Рафиња ќе добива одмор, додека ако Флик го користи централно во нападот за место треба да се бори со Левандовски и Феран Торес.

Фото: Barcelona FC/X