
Флик воведе нови правила по скандалозната забава на јамал
Новите правила се однесуваат на играчите надвор од тренинг базата и натпреварите, а со цел да не се наруши имиџот на клубот. По препорака на германскиот стручњак, на минимум ќе бидат сведени активностите на социјалните мрежи, особено објавување постови во врска со приватниот живот на фудбалерите. Може да има објави евентуално од натпреварите, тренинзите или задолжителните комерцијални активности, приватни или поврзани со клубот.
Сето ова треба да придонесе за мир во тимот и во клубот, фактори кои Флик ги смета за најважни за остварување добри резултати во иднина.