
Лапорта: Нема да потпишеме со други фудбалери ова лето, на друг начин ќе се засилиме!
Со комплетирањето на трансферот на Маркус Рашфорд се чини дека завршија трансфер активностите на Барселона за ова лето.
Ханси Флик ќе го засили тимот, но со играчи од резервниот и младинскиот погон, нешто што досега во Барселона се покажа како многу успешно.
„Во принцип, нема да има повеќе засилувања ова лето“, вели Лапорта.
„Имаме добар состав, тренерот сака да го засили првиот тим со фудбалери од резервите, па не очекувам нови потпишувања во овој момент“.