
Меси си го зголеми друштвото во Интер Мајами, дојде уште еден негов голем пријател!
Родриго Де Пол важи за најблискиот пријател на Меси во аргентинската репрезентација, а сега заедно ќе играат и во Интер Мајами.
„Интер Мајами информира дека потпиша со аргентинскиот играч од средниот ред Родриго Де Пол од шпанскиот гигант Атлетико Мадрид. Де Пол првично ќе дојде во клубот на позајмица, а договорот вклучува опција трансферот да стане перманентен до 2029 година“, се вели во соопштението на американскиот клуб.
Претходно Меси си ги собра пријателите од Барселона, Бускетс, Алба и Суарез.