Криминалец подметнал пожар во пабот на Мекгрегор (ФОТО)

Пабот „Блек Форџ Ин“, чиј газда е УФЦ-борецот Конор Мекгрегор, повторно бил цел на напад откако криминалец во утринските часови подметнал пожар.

Пред влезот на пабот била истурена запалива течност и потоа бил предизвикан пожар, кој за среќа набрзо бил локализиран.

Инцидентот се случил околу 3 часот на 25 јули, а веднаш била повикана противпожарната бригада која реагирала експресно за да спречи поголема материјална штета.