Меси не е над правилата - доби суспензија од МЛС-лигата!

МЛС-лигата има строги правила и ги казнува сите кои не ги почитуваат, а од санкција не се спаси ниту аргентинскиот репрезентативец Лионел Меси.

Меси не се појави на Олстар-натпреварот, иако беше свесен дека може да добие казна, што на крајот и се случи по реакција од МЛС.

„Според правилата, фудбалер кој не игра на Олстар-натпревар без оправдување и без дозвола од лигата, добива суспензија од еден натпревар“, соопштија од МЛС-лигата.

Аргентинецот не е единствен, односно поради иста причина ќе биде суспендиран и Жорди Алба.

Фото: Facebook/Inter Miami CF