УЕФА го казни Вардар со 30.000 евра, ама не за мечот со Лозана!

Европската фудбалска федерација (УЕФА) парично го казни Вардар поради пропустите на натпреварот против Ла Фиорита, одигран во Скопје во првото квалификациско коло од Конференциската лига.

Црвено-црните ќе мора да платат вкупно 30.000 евра и тоа 20.000 за употреба на пиротехника и дополнителни 10.000 евра поради политичка порака која беше забележана од делегатот на натпреварот.

Навивачката група „Комити“ на трибините истакна транспарент со политичка содржина, алудирајќи на дебата во Европскиот парламент поврзана со македонскиот јазик и идентитет.