Полски хулигани прават хаос во Нови Пазар – силно одекнува „Косово е Србија! (ВИДЕО)

Денешниот прв натпревар од второто квалификациско коло за Конференциската лига меѓу Нови Пазар и Јагелонија донесе високи тензии уште пред самиот почетокот, откако на трибините на стадионот во Нови Пазар дојде до жестоко навивачко надвикување меѓу домашната и полската публика.

Тензиите дополнително ескалираа кога гостинските навивачи започнаа да скандираат „Косово е срцето на Србија“, што предизвика бурна реакција од домашната публика. На видеата кои кружат на социјалните мрежи, се гледа како навивачите на Нови Пазар возвраќаат со свирежи и навредлива гестикулација, без разлика што овој град, населен воглавном со муслиманско население, се наоѓа на српска територија.

Натпреварот се игра под силен притисок и со големо значење за обете страни, особено за Нови Пазар, за кој ова е прв историски настап на европската сцена. Се очекува полн стадион и целосна поддршка од градот, кој буквално живее за овој момент. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат ултрас-групите на Јагелонија – големи, тетовирани, ќелави мажи придружени од девојки кои привлекоа внимание меѓу присутните. Нивното пристигнување донесе дополнителна возбуда во градот, кој денес е под засилени безбедносни мерки поради значењето на натпреварот.

Видеото може да го погледнете ТУКА.