
На 71-годишна возраст, почина најславниот кечер во светот
Причина за неговата смрт бил срцев застој, неговата сопруга Скај повикала итна помош, но докторите не можеле да му помогнат. Пред само неколку недели, таа тврдеше дека срцето му е силно и дека нема никакви здравствени проблеми.
Својата најголема слава, Хоган ја доживеа во 80. и 90. години на минатиот век кога беше еден од заштитните лица на WWE (World wrestling entertainment). Паралелно со успесите во рингот, учествуваше во неколку холивудски филмови, од кои најголемата улога му беше во третиот дел од Роки.