
„Само со перфектна игра и без грешки ќе може да го елиминираме силниот Хановер!“
Тој веќе се приклучи на подготовките и тренира со новите соиграчи, а во првите денови во клубот, впечатоците се позитивни.
„Се чувствувам добредојдено. Сите ме прифатија уште од почетокот и заедно сме насочени кон заеднички цели. Условите тука се на високо ниво, веројатно најдобри во Македонија и верувам дека со добра работа и трпение ќе дојдеме и до резултати“, изјави Борзаш.
Коментирајќи ја конкуренцијата во домашната лига, тој оценува дека сезоната ќе биде предизвикувачка.
„Македонското првенство ќе биде исклучително силно следната сезона, со најмалку четири конкурентни екипи. Сепак, нема место за прогнози – ќе настојуваме да напредуваме од натпревар до натпревар и да го следиме планот на тренерот Лазаров.“
Алкалоид ќе се соочи со германскиот Хановер во квалификациите за Европската лига, а Борзаш е свесен за тежината на тој предизвик:
„Ждрепката не беше најлесна, но секоја шанса треба да се искористи. Првиот натпревар со Хановер мора да го одиграме речиси без грешка – со максимална концентрација и ефикасност. Доколку успееме да извлечеме добар резултат во Германија, дома имаме реална шанса да избориме пласман во групната фаза“, заврши Борзаш.