
Шкупи потпиша со екс играч на Евертон, ама три години не играл никаде!
Магаје Геје ги минал сите младински репрезентации на Франција, кариерата ја започнал во Стразбур од каде се сели во Евертон за кој има 24 настапи во Премиер лигата.
Го носел дресот и на Брест, Милвол, Аданаспор, Карабаг, Динамо Букурешт, но негов последен клуб е грчкиот второлигаш Анагениси Кардитсас со кој потпишал во 2022, само трипати настапил за нив и оттогаш не играл фудбал.
Шкупи бомбастично го најави потпишувањето со Геје.
„Со задоволство го поздравуваме искусниот и квалитетен фудбалер Магаје Геје кој се очекува да биде важен играч во нашата офанзива. Магаје ја започна својата професионална кариера во ФК Стразбур во Франција, за потоа да продолжи во Премиер лигата со Евертон, каде што стекна вредно искуство во елитата на англискиот фудбал. Подоцна играше за Милвол во Чемпионшип и краток период на Стад Брестоа, повторно во Франција.
Со искуството, креативноста и техничките квалитети што ги носи, веруваме дека тоа ќе има значително влијание врз нашите цели за оваа сезона“, стои во соопштението на Шкупи.