
Чупиќ ги собра сите ракометари, Вардар ги почна подготовките за новата сезона! (ФОТО)
Иван Чупиќ на првиот тренинг на располагање ги имаше сите ракометари на кои ќе смета за наредната сезона.
Се тренираше во групи, дел од играчите работеа со кондициониот тренер, а дел ги минуваа задолжителните медицински прегледи.
Во наредните денови сите ракометари треба да ги минат медицинските тестови, по што за од понеделник е предвиден почеток на тренинзите во сала.
Потоа екипата ќе замине на висински подготовки, во текот на август се закажани и неколку контролни натпревари и турнири.
Сезоната ќе почне на 3 септември со мечот од Супер купот.