Нејмар помисли дека даде гол и тргна да слави, но кога се сврте не му се веруваше што се случи! (ВИДЕО)

Сантос изгуби од Интернационал со 1-2, а интересен момент имаше Нејмар кој се израдува на гол кој не го даде.

Нејмар одлично шутираше и веднаш тргна да слави, помисли дека го даде голот, но не беше така. Голманот на Интернационал, Серхио Рочет го одбрани неговиот удар со помош на стативата, топката не ја мина гол линијата.

Славниот напаѓач брзо сфати дека нема ништо од голот, но не му се веруваше, мислеше дека топката ја мина гол линијата. Му беше потребно време за да се помири дека нема ништо од голот. Играта веќе отиде на другата половина, а тој остана да се чуди.