
Македонско пливачко чудо: Никола во неколку дена стана шампион на - две држави!
Тој на Националното првенство на Македонија доминираше речиси во сите трки на кои настапи, поради што беше прогласен за најуспешен јуниор, како и за најуспешен пливач во апсолутна категорија. Со најголем број освоени златни медали, тој го потврди статусот на најдобар македонски пливач во моментов. Ѓуретановиќ само неколку дена подоцна настапи и на Државното првенство на Србија во Белград (50-метарски базен), каде што повторно блесна – овојпат станувајќи српски државен првак во јуниорска конкуренција. Уште поголема тежина на успехот му дава фактот што зад себе ги остави и двајцата медалисти од неодамна одржаното Европско младинско првенство.
„Ова не е само личен успех – ова е победа за целиот тим, за тренерите, за ПК Вардар, за семејството и за сите што веруваат во вистинската спортска приказна“, велат од неговиот клуб.
Од клубот упатија и јавна благодарност до Миро Крстевски, претседателот на ПК Бета Шаркс, за неговата несебична поддршка и препознавање на вложениот труд и резултатите на Ѓуретановиќ и неговиот клуб.