
Ужасен ден за Македонија: Сите наши селекции на ЕМОФ беа убедливо - растурени!
Некако најсилен отпор пружи машката кадетска репрезентација, која загуби во дуелот со Хрватска (19-27) во меч во кој одиграа рамноправно прво полувреме по кое беше 10-10. Противникот вториот дел го почна со серија 7-2 и го реши прашањето околу победникот. Пораз претрпеа и нашите ракометарки и тоа во дуелот против Исланд (22-29), во меч во кој прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме (9-16).
Ништо подобро не беше ниту на одбојкарските терени, каде што нашите две селекции загубија со максимален резултат. Момчињата пружија посилен отпор само во првиот сет против Франција (0-3), додека девојчињата претрпеа преубедив пораз од Италија (0-3) со резултат 36-75 во поени.
Со сличен бродолом може да се пофалат и кошаркар(к)ите. Девојките беа растурени во пресметката со Белгија (40-111) во меч одигран во помалата сала во Куманово, додека момчињата поради лошиот старт (8-23) минаа слично во дуелот против Турција (56-88) на отворањето на реновираната сала во овој град.
Причини за радост немавме ниту во индивидуалните спортови, каде што нашите претставници речиси постојано беа на самото дно од конечниот пласман.