Гаскоњ пак заврши на интензивна нега - пријател го нашол онесвестен во неговиот дом

Легендарниот англиски фудбалер Пол Гаскоњ повторно се соочува со здравствени проблеми поради кои заврши в болница.

Во текот на вчерашниот ден, тој бил пронајден онесвестен во неговиот тим по што лекарска служба го одвела на интензивна нега. По лекарската помош, тој се чувствува подобро и е надвор од животна опасност, но повторно ги загрижи своите фанови и семејството.

„Пол е најдоброто можно место во моментов. Ми рече да им се заблагодарам на сите за поддршката и желбите за побрзо оздравување“, објави Стив Фостер, пријателот кој го нашол во бессознание.

Ова не е првпат Гаскоњ да се најде во ваква ситуација, а сето тоа поради претераното консумирање алкохол. Два пати беше на одвикнување, но не успеа да се спаси од порокот кој придонесе тотално да биде засенето она што тој го направи на фудбалските терени.