
Српски стопер за поцврст бедем пред голот на Пелистер
Станува збор за 32-годишен стопер кој во Битола доаѓа од екипата на Дубочица од Лесковац и веќе почна да тренира со својот нов тим. Кариерата ја поминал главно во српскиот фудбал со еден излет во Литванија, во тамошниот прволигаш Паневежис.
Здравковиќ е четврто засилување за Пелистер летово по десното крило Петар Ристиќ, левото крило Марјан Ристовски и поранешниот репрезентативец Стефан Спировски.