Продолжи традицијата: Арсенал пак се засили од Челси

Англискиот репрезентативец Нони Мадуеке од денеска официјално е нов играч на Арсенал откако „топчиите“ го откупија неговиот договор за 60 милиони евра.

Со тоа „сините“ на него заработија речиси двојно повеќе отколку кога го купија пред две години од ПСВ Ајндховен, за 33 милиони евра. Со трансферот на Мадуеке продолжи традицијата на преселба на фудбалери од Челси во Арсенал имајќи предвид дека од доаѓањето на Микел Артета на менаџерската позиција, тој пат го поминаа и Кепа Аризабалага, Рахим Стерлинг, Каи Хаверц, Жоржињо и Вилијан.

Колку е ова добар потег за Мадуеке ќе покаже времето бидејќи во Челси беше стандарден во првата постава, додека во Арсенал како конкуренција на десната крилна позиција ќе го има неприсконовениот Букајо Сака. Токму поради тоа и навивачите на Арсенал се прашуваат дали е логичен овој трансфер и потрошените 60 милиони евра.