
Ракометарките не издржаа до крај: Македонија загуби минимално од Португалија
Ракометарките имаа одличен почеток на мечот и предност од 6-2, а водството го задржаа до полувреме (13-11), но Португалија во вториот дел направи целосен пресврт и триумфира со 29-28.
Миленкоска беше најефикасна во редовите на Македонија со шест голови, додека Конеска и Беровиќ запишаа по пет погодоци.
Македонија за 23. место на ЕП ќе се бори против селекцијата на Литванија која денеска загуби од Финска.