Тренерот на Шишковски си даде отказ по срамната елиминација од Европа

Борац Бања Лука не се прослави во Конференциската лига, каде што беше елиминирана од Санта Колома од Андора, по што тренерот на босанскиот тим Младен Жижовиќ си поднесе оставка.

Екипата на голманот Дамјан Шишковски победи во реваншот против тимот од Андора со 2-0, меѓутоа поради поразот од 1-4 во првиот беше доживеа срамна елиминација.

„Жижовиќ го напушти кормилото. Ти благодариме за сè и ти посакуваме среќа во иднина“, напиша Борац по оставката на тренерот.

Фото: Facebook/FK BORAC Banja Luka