
Неверојатен интерес: Барса продаде 100.000 дреса на Ламин Јамал за – еден ден!
Продажбата продолжува со исто темпо, со редици пред продавницата на „Камп Ноу“. Од Барса велат дека станува збор за „нов и стабилен извор на приходи“, особено затоа што легендарниот број 10 доби нов живот преку еден од најперспективните млади играчи. Клубот, заедно со партнерот „Најки“, однапред се подготвиле за побарувачката, па дресовите не се распродадени и сè уште се достапни – како во продавниците, така и онлајн. Особено се нагласува значењето на новиот договор со „Најки“, кој ѝ овозможи на Барса целосна контрола врз интернет-продажбата – фактор што директно влијаел на рекордниот приход за сезоната 2024/25 во одделот за продажба опрема со логото на Барса (БЛМ).
Претседателот Жоан Лапорта откри дека ланскиот приход на БЛМ се движел меѓу 140 и 150 милиони евра, но раководството очекува оваа бројка да биде надмината токму благодарение на Јамал и неговата „десетка“.