Трагедија: Млад фудбалер на Охрид загина во сообраќајна несреќа!

Македонскиот тим Охрид објави тажна вест дека починал нивниот фудбалер, 16-годишниот Анастас Каровски, кој бил дел од генерацијата 2009 година.

Охрид се збогува со талентираниот фудбалер преку социјалните мрежи, иако не откри повеќе детали, а според неофицијални информации станува збор за момчето кое загина на регионалниот пат Охрид - Св. Наум.

„На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот „Парк“, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид“, соопшти МВР.