Кирјос ја најави пензијата на Ѓоковиќ: Нема да игра уште долго!

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос откри дека разговарал со Новак Ѓоковиќ за време на Индијан Велс оваа година и на некој начин најави кога Србинот би заминал во пензија.

Кирјос откри дека го прашал Ѓоковиќ што го мотивира да остане на тениските терени, на што му дал краток одговор „Не знам“.

Контроверзниот тенисер вели дека Ѓоковиќ не е посветен на тенисот како во минатото и смета дека нема да игра повеќе од една година, според нивниот разговор кој го воделе на Индијан Велс.

„Мислам дека му недостига семејството. Мислам дека нема да игра повеќе од уште една година, посебно кога не освојува гренслем-титули. Тешко е да најдете мотивација кога ќе освоите сè. Тој е најдобар во историјата“, кажа Кирјос.

Фото: EPA PHOTO