
„Ѓоковиќ ќе се пензионира на Австралија Опен“
Српскиот ас во мај наполни 38 години, а од ноември 2023 има само една АТП титула и никако не може да им парира на младите сили. Стабс прогнозира дека за точно половина година, Ѓоковиќ ќе се пензионира и тоа на турнирот на кој е рекордер.
„Мислам дека последен турнир на Новак ќе биде претстојниот Австралија Опен. Таму славеше 10 пати и тоа е најдобро место за него. Искрено, очекував на Вимблдон да го освои 25. Гренд слем трофеј, но немаше шанса. Се надевам дека ќе успее во Мелбурн“, рече Стабс.
Сепак, оваа прогноза се коси со најавата на Ѓоковиќ дека и идната година би сакал да настапи на Вимблдон.