
Атлетичарка поминала низ хорор – бесна крава за малку ќе ја убиела! (ФОТО)
Инцидентот го потврди самата атлетичарка која објави неколку фотографии на социјалните мрежи додавајќи.
„Иако изгледа како да е е*ена шега, денес ми се случи најголемиот кошмар. Целосно сум разочарана“, стои во нејзината објава.
Удрите кои ги добила придонеле за бројни модрици и скршеници на ребрата, а поради повредите ќе мора да ги прекине припемите за продолжение од сезоната.
„Сѐ одеше супер оваа година и ова лето многу ветуваше. Фактот дека сѐ се случи многу брзо ме унишштуваа. Само што почнав со тренинзите ме нападна крава. Звучи како шега, но болницата имала два вакви случаи во последните години. Поминав низ една од најстрашните ситуации во мојот живот. Во еден момент мислев дека ќе ме напаѓа додека не ме убие. Успеав да побегнам, имам модрици преку целото тело и најлошо од сѐ, скршено шесто ребро. Тоа значи довидување: „Фонт Рим“, „Сиере Зинал“ и мојата најголема цел оваа година, трката „Монт Блан“. Се надевам дека ќе се опоравам и дека ќе можам да ги започнам подготовките за Светското првенство“, додава Алонсо во својата порака на социјалните мрежи.