
Инфантино пресреќен: Заработивме две милијарди долари од клупското СП
Пред почетокот на шампионатот, а и на самиот почеток имаше големи критики на сметка на организаторите на клупското СП, кое се играше во различен формат за разлика од претходните години со повеќе тимови, но Инфантино ги замолче критичарите.
„Се зборуваше дека ова е финансиска катастрофа, но остваривме две милијарди долари приход, односно 33 милиони по натпревар. Нема ниту еден спортски настан на светот кој може да оствари толку голема заработка“, кажа Инфантино.