Ал Наср му носи засилување на Роналдо - пристигнува голема ѕвезда од Милан

Саудискиот тим Ал Наср планира да создаде моќен тим кој ќе може да ја нападне титулата во домашниот шампионат, а како најново засилување се споменува еден од најдобрите фудбалери на Милан, Кристијан Пулишиќ.

Италијанскиот новинар Руди Галети објави дека Ал Наср е заинтересиран за Пулишиќ и наскоро се очекува да испрати понуда за американскиот репрезентативец.

Во преговорите меѓу екипите би можел да биде вклучен и Ејмерик Лапорт, кој би ја продолжил кариерата во Милано, додека во спротивен правец би заминал Пулишиќ.

Фото: Facebook/AC Milan