Официјално: Ливерпул ја повлече „20-ката“ на Жота во сите категории

Како што беше најавено претходно, Ливерпул вечерва официјално објави дека го повлекува дресот со број 20 од сите нивоа на клубот.

Со овој потег, „црвените“ сакаат да му оддадат почит на Диого Жота кој го загуби животот во сообраќајна несреќа, а на „Енфилд“ помина пет години.

Жота важеше за еден од најважните фудбалери на Ливерпул и неговиот придонес беше клучен во освојувањето на домашни и европски трофеи.

Неговата „20-ка“ сега нема да може да ја носи никој, не само во првиот тим, туку и во сите младински категории.

Во недела избраниците на Арне Слот ги очекува првиот натпревар по смртта на Жота и тоа ќе биде од пријателски карактер против Престон. Натпреварот Ливерпул ќе го игра на гостински терен, но се ќе помине во знакот на Португалецот.