
Ливерпул в недела игра против Престон – сè ќе биде во знакот на Жота
Во овој натпревар сè ќе биде во знакот на португалскиот фудбалер и без разлика што ќе се игра на стадионот на Престон ќе биде пуштена химната на Ливерпул „You’ll Never Walk Alone“, a претставници на домашниот клуб ќе положат венец пред навивачите на Ливерпул.
Средбата ќе започне со минута молк додека на екраните на стадионот ќе се прикажуваат најважните моменти од кариерата на фудбалерот на Ливерпул.
Исто така сите фудбалери на теренот ќе носат црни ленти на ракавите.
Натпреварот се игра во терминот од 16:00 часот.
Фото: Liverpool FC/X