Ред Бул на отпуштениот Кристијан Хорнер му исплати речиси 70 милиони евра!

Шокантно звучеше веста за отказот на директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер кој на оваа функција беше од 2005 година.

Тој го лансираше Ред Бул на врвот во Формула 1, но оваа сезона не ги исполни целите, па раководството реши да го разреши.

Хорнер со Ред Бул имаше договор до 2030 година, па за отказот кој му беше даден ќе добие вистинско богатство.

Според британските медиуми, Ред Бул ќе му исплати 66 милиони евра на Хорнер како обештетување за раскинатиот договор.