По Ристовски, уште еден македонски репрезентативец оди во Сараево!

Поранешниот босански шампион Сараево е на добар пат да стане колонија на македонски интернационалци. Утрово прво се појави информација дека Стефан Ристовски ќе се пресели во главниот град на Босна и Херцеговина, а сега тимот се поврзува и со Агон Елези.

Сараево бил во напредни преговори со македонскиот репрезентативец кој го носи дресот на Бохум, а во вториот дел од минатата сезона беше на позајмица во Горица.

Елези во кариерата настапуваше за Шкупи, Скендербеу, Вараждин, вториот тим на Бохум и Горица.

Да потсетиме, технички директор на Сараево од пред една недела е поранешниот фудбалер на босанскиот клуб и македонски репрезентативец Крсте Велкоски.

Фото: EPA PHOTO