Стефан Ристовски има нов клуб – ќе игра во соседството на Хрватска!

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб, Стефан Ристовски, кариерата ќе ја продолжи во БиХ како нов член на екипата на Сарајево, за кој ќе ќе потпише во текот на денот, објави хрватскиот портал „Германијак“.

Клучна улога во трансферот имал тренерот на овој тим, Зоран Зекиќ, кој е поранешен предводник на Осијек и кој успеал да го убеди македонскиот репрезентативец да ја прифати понудата. Ристовски доаѓа во екипа во која од неодамна улогата на спортски директор ја извршува неговиот поранешен репрезентативен колега, Крсте Велкоски.

Сарајево моментално се подготвува во Словенија, а во средата одигра пријателски натпревар против чешкиот тим Словачко (2-0). Првиот официјален натпревар го очекува во второто квалификациско коло од Лигата на Европа против романската Универзитатеа.