Јамал нема дилема кој е најдобар фудбалер во историјата!

Талентираниот фудбалер на Барселона и шпански репрезентативец, Ламин Јамал одговараше на новинарски прашања, при што кажа кој е најдобар фудбалер во историјата според него.

Јамал кажа дека негов идол е Лионел Меси, за кого смета дека е најдобар фудбалер на сите времиња, иако Аргентинецот долго време водеше жестока борба против Кристијано Роналдо.

„За мене, Меси е најдобар фудбалер во историјата. Сè што направи, сите натпревари на кои играше. Сè ми се допаѓа во неговата игра“, кажа Јамал.

Фото: Facebook/FC Barcelona