Како во најдобрите денови: Меси постави рекорд – ова не му успеало на никој друг! (ВИДЕО)

Лионел Меси продолжи да игра во одлична форма во МЛС лигата и во натпреварот против Њу Ингланд (1-2) постави нов рекорд.

Меси го доведе Интер Мајами во водство во 27-та минута, а во 38-та по одличната аистенција од Серхио Бускетс и уште еднаш го матираше противничкиот чувар на мрежата.

Со вториот гол Меси испиша и историја со тоа што стана првиот фудбалер во историјата на МЛС лигата кој постигнал два или повеќе гола на четири натпревари во низа.

До крајот на натпреварот Њу Ингланд успеа да постигне само еден гол и да го ублажи поразот.

Фото: Inter Miami CF/FB