
Алекса Аврамовиќ се врати во Евролигата, Србинот има нов клуб!
Дубаи од новата сезона ќе настапува во најквалитетното европско кошаркарско клупско натпреварување, Евролигата, а ростерот го засили и со Алекса Аврамовиќ.
„Алекса Аврамоивќ и Дубаи Баскетбол постигнаа договор за тригодишна соработка со трајност до јуни 2028 година“, стои во соопштението на клубот.
30-годишниот спрски кошаркар пред да замине во ЦСКА Москва три години го носеше дресот на Партизан со кој го стекна евролигашкото искуство. Претходно настапуваше и за Естудијантес, Малага, Варезе, ОКК Београд и Борац Чачак.