Ниту Ѓокереш, ниту Осимен: Манчестер јунајтед купува напаѓач од Шпанија

Манчестер јунајтед ова лето планира да ангажира неколку засилувања со цел да создаде конкурентен тим во борбата за врвот во Премиер лигата, а тренерот Рубен Аморим веќе си избра нов напаѓач.

„Црвените ѓаволи“ долго време се поврзуваа со Виктор Ѓокереш и Виктор Осимен, меѓутоа гигантот од Манчестер решил да ангажира поинакво засилување во нападот, а станува збор за Луис Суарез од Алмерија.

Колумбиецот има 27 години, а минатата сезона настапи на 43 меча за Алмерија и постигна 31 гол и осум асистенции.

Фото: Facebook/Manchester United