Американец е првото странско засилување за Работнички!

По ангажманотна Филип Наков минатата недела, Работнички денеска во своите редови го доведе и првото странско засилување за новата сезона и тоа на плејмејкерската позиција.

Нов кошаркар на клубот од Градски парк е Американецот, Брет Томпсон кој пристигнува со цел да се надополни просторот кој остана ослободен по заминувањата на Андреј Шошкиќ и Џекон Дубински.

Станува збор за кошаркар кој има 24 години и е висок 185 сантиметри, колеџ-деновите ги помина во универзитетите Тенеси и Јагстаун, а во изминатата сезона за првпат беше дел од европската кошарка. Прво го носеше дресот на Мостар за потоа да се пресели воТребиња. 

Зад своето име има просек 20.5 поени, 4.5 асистенции и 3.4 скока по натпревар со индекс 22.3