
Новиот кошаркар на Партизан пред долга суспензија поради користење марихуана!
Германскиот кошаркар дојде неодамна од шпанската екипа Уникаха, а ако биде казнет може и воопшто да не го облече црно-белиот дрес. Неговиот случај потекнува од декември 2023 година, кога паднал на допинг тест, а казната му била соопштена дури на почетокот на 2024 година. Првично му била изречена суспензија од една година, но по жалба, постапката била стопирана и архивирана.
Меѓутоа, шпанската антидопинг агенција по промените во раководството, одлучи да ги обнови сите архивирани случаи од изминатата година, вклучително и случајот на Осетковски. Одлуката следуваше по серија истраги иницирани од Светската антидопинг агенција (ВАДА), поради сомнежи за нерегуларности во работата на шпанската институција.
ФОТО: EPA PHOTO