
Ѓоковиќ за помалку од два часа го збриша Еванс за пласман во третото коло на Вимблдон!
Новак денеска изгледаше моќно, полетно, противникот немаше шанса да му парира, се што направи Еванс е освоени пет гема.
Во првиот сет домашниот тенисер пружи најмногу отпор, Ѓоковиќ го доби со 6-3. Во вториот беше 6-2 за Србинот, а во третиот Ноле не загуби гем, со перфектни 6-0 ја завери победата за конечни 3-0 во сетови.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе има дуел со својот сонародник Кецмановиќ кој со 3-1 во сетови беше подобар од Де Јонг.