Клоп: Срцето ми се скрши кога дознав дека нè напушти Жота (ФОТО)

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп објави емотивна порака за починатиот фудбалер Диого Жота, со кого соработуваше во премиерлигашот.

Клоп преку емотивна порака се збогува од неговиот поранешен фудбалер, кој го загуби животот заедно со братот Андре.

„Ова е момент со кој тешко се соочувам. Мора да постои некоја поголема причина, но јас не ја гледам... ми се скрши срцето кога дознав дека нè напуштиле Диого и неговиот брат Андре. Диого не беше само извонреден фудбалер, туку и пријател, сопруг и татко. Ќе ми недостигаш“, објави Клоп.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jürgen Klopp (@kloppo)

Фото: EPA PHOTO