
Делегација на РФМ беше во работна посета на ИХФ во Базел
Претседателот Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски имаа средба со првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа, но и со други важни лица во федерацијата.
На средбата се разговарало за продлабочување на соработката меѓу двете федерации, при што биле поднесени апликации за организација на идни светски првенства, претставени нови проекти за развој на млади категории и едукација и друго.
Оваа посета во Базел претставува уште еден значаен чекор во амбициите на РФМ за унапредување на македонскиот ракомет на меѓународната сцена.