
Тиквеш доби германски инвеститор: Ќе гради амбициозен и конкурентен тим!
Новиот инвеститор во тимот од Кавадарци најави нови засилувања со кои Тиквеш треба да добие амбициозен и конкурентен состав во Првата македонска фудбалска лига.
„Пред почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, новиот газда акцент става на модернизација на тренажниот процес, професионален пристап кон фудбалерите, со максимална посветеност и влог во младите категории, за остварување на што подобри резултати во иднина, гледајќи го клубот во европските натпреварувања. Исто така најави отварање на голем фан-шоп во центарот на Кавадарци во соработка со навивачката група Лозари-Исток“, објавија од Тиквеш.
Тиквеш ги почнува подготовките на Градскиот стадион во Кавадарци од 18 часот, а потоа од 15 до 25 јули се сели во Турција, каде што ќе се фаќа ритам пред почетокот на новата сезона.